Владата одлуката за ограничување на извозот на овие стоки ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.
Владата на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки.
Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.
Оваа одлука е донесена како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот.
Воедно, Владата на Република Северна Македонија напоменува дека стоковите резерви на основните производи како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати, и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција.