Повредите на работните места се случуваат почесто од што мислиме. Поточно, најновата статистика на Евростат покажува дека Европејците на своите работни места доживеале повеќе од 3,4 милиони повреди, за среќа, не опасни по живот.
Утврдено е дека, на основа на примероци од 100,000 вработени, повредите на работните места најчесто се случуваат во Португалија (2,848). Следат Франција (2,822 повреди) и Шпанија (2,491 повреда).
На четврто место е Луксембург (2,482 повреди), а на петто место е Германија (2,133 повреди). Понатаму, несреќи при работа најмногу се случуваат и во Швајцарија, Данска, Финска, Белгија, Австрија.
На крајот од 2021 година, наголемо се пишувало за тоа дека и повредите дома, во текот на работата од дома, може да се третираат како повреди при работа. Имено, суд во Германија донел пресуда во корист на еден маж кој се повредил одејќи низ домот – од креветот до работната маса.
извор: rabotnik.com.mk