Корисниците на Фејсбук кои ја користат десктоп верзијата веќе почнаа да добиваат редизајнирана верзија на социјалната платформа. Оние кои не се сосема сигурни, тоа може да го очекуваат во наредните денови.
Имено, речиси сите навигациски елементи, менија и поставки се преместени лево на десктоп верзијата на платформата, без навигација на врвот на страницата. Додека сте на десната страна, ќе има само копче за пораки на дното на екранот. Како што пишуваат некои, не биле прашани дали сакаат да го прифатат новиот редизајн, а очигледно засега нема начин да се вратите на претходната верзија, доколку веќе сте ја добиле.
Фејсбук во кратка порака понуди објаснување:
– Ги преместивме сите опции за навигација на едно место. Оваа промена комбинира се што ви треба на Фејсбук – вашиот профил, пребарување, известувања, пораки и многу повеќе, се вели во известувањето.
Поминаа речиси точно две години откако Фејсбук го лансираше својот најнов голем редизајн, кој вклучуваше голема промена во навигацијата на страницата, „почист“ изглед и опционален темен режим. Тоа беше голема промена и требаше време да се навикне, но тоа беше многу потребна ревизија на пренатрупаниот Фејсбук од старите времиња.