Доколку сте корисник на најпопуларната платформа за гледање филмови и серии и великодушно сте ја споделиле лозинката со пријателите и членовите на семејството со кои не живеете - имаме лоши вести.
Гигантот за стриминг најави дека ќе започне со тестирање начини да ги принуди корисниците кои споделуваат сметка надвор од дома да плаќаат за дополнителни членови, соопшти компанијата. „Нетфликс“ објави дека отсекогаш им олеснувале на луѓето кои живеат заедно да споделуваат сметка, со функции како што се посебни профили и повеќе стримови во различни планови, пренесува „РТС“.
„Иако се многу популарни, тие создадоа одредена конфузија околу тоа кога и како може да се сподели сметката. Неправилното споделување на сметки надвор од домаќинството влијаеше на способноста на Нетфликс да инвестира во филмови за нашите членови“, велат од компанијата.
Условите за користење на услугата предвидуваат сметката да „не може да се сподели со физички лица надвор од вашето домаќинство“, што е, како што се наведува, правило кое претплатниците често го прекршуваат.
Новите цени за „додавање дополнителен член“ во стандардните и премиум плановите прво ќе се тестираат во Чиле, Костарика и Перу.
Оние кои незаконски споделуваат лозинки во трите земји можат да префрлаат информации за профилот на нови сметки или на сметки на претплатници „дополнителни членови“.
„Разбираме дека луѓето имаат многу избор за забава, па затоа сакаме да се погрижиме сите нови функции да бидат флексибилни и корисни за членовите, чии претплати ги финансираат сите наши филмови. Ќе работиме да ја разбереме употребата на овие две функции за членовите во овие три земјите пред тоа правиме промени на кое било друго место во светот“, велат од Нетфликс.
Во Костарика, надоместокот за споделување сметка е три долари месечно со постојното ниво на претплата во таа земја, кое започнува од девет долари.