Сигурно на сите ви се случило барем еднаш да ви заигра окото. Што мислите, дали треперење на окото е добар или лош знак?
„Играњето“ на окото знае да биде многу непријатно, се појавува наеднаш, а според лекарите најчесто е симптом на замор.
Научно гледано, тоа е всушност миокимија (myokymia). Миокимијата е присилно, спонтано тресење на неколку снопови мускулни влакна во мускулот, што е недоволно за да предизвика контракција на целиот мускул. Обично може да се види на кожата на долниот очен капак. Конкретните причини за оваа појава се непознати, но се верува дека вибрациите на очите се поврзани со нарушување во функционирањето на одредени нервни области лоцирани во основата на мозокот, кои ја контролираат координацијата на мускулите и движењата.
Меѓутоа, иако медицината кажува едно, кај нашиот народ, но и во некои други култури познати се некои верувања кои ја објаснуваат причината за трепкањето на левото или десното око.
Други причини за треперење на очите можат да бидат:
- Стрес
- Иритација на рожницата
- Замор
- Недостаток на сон
- Долготрајно гледање на компјутер или телевизиски екран
- Нарушување на нервниот систем
- Прекумерен внес на кофеин (на пр. кафе, чај, сокови со кофеин)
Треперењето на очите во повеќето случаи е сосема безопасна појава, но треба да се провери само доколку се повторува континуирано и ако се проширува на други делови од лицето, а самата појава е придружена со други симптоми како оток и црвенило.
Што е со народните верувања?
Во Кина сметаат дека треперењето на левото око е знак на среќа, додека за десното око се верува дека носи лош предзнак.
На Хаваите значењето е тотално поразлично, па треперењето на левото око, во нивната култура значи дека во семејството ќе дојде непозната личност, но ако „игра“ нон-стоп, тоа значи дека може да дојде до распад во семејството.
Индијците, играњето на левото око го сметаат за знак на лоша среќа, додека трепкањето на десното око претставува среќа, сосема спротивно од Кина.
На Балканот, има многу различни верувања
Во нашата земја имаме неколку значења. Останато е од старите, дека ако ни затрепери окото не треба да кажеме никому, бидејќи окото гледа сè, а ништо не нè искажува.
Некои тврдат дека играњето на десното око е остварување на сите желби што сте ги замислиле, додека левото е лош знак. Сепак, постои верување дека ако на жените им заигра левото око, тоа значи повторно обединување со маж кој долго време го немаат видено, па се претпоставува дека тоа е добар знак бидејќи жените за време на војната биле загрижени дали нивните сопрузите ќе се вратат живи.
Во некои краишта на Балканот се верува дека треперењето на горниот очен капак на десното око значи радост во семејството, а долниот, склопување на ново пријателство. Лево око - горниот капак значи раѓање на машко дете во куќата, а ако долниот капак заигра, лоши вести.