Најинтересните податоци се кријат во последните три реда од задната страна на личната карта.
Меѓу податоците кои се наоѓаат на биометриските лични карти се наоѓа и бројот на луѓе чии лица имаат слични карактеристики како вашите. Еве како можете тоа да го проверите!
Кога беа објавени новите, биометриски лични карти, граѓаните знаеја дека ќе ги содржат истите податоци што ги имаше и на старите, хартиени документи.
Меѓутоа, еден од броевите на вашиот биометриски документ открива колку луѓе има во Македонија, чии лица судејќи според фотографијата во базата на податоци на МВР, имаат слични карактеристики на вашето лице.
Предниот дел на личната карта содржи општи информации за одредено лице: име и презиме, пол и датум на раѓање, број на лична карта, како и датум на издавање односно важност на документот. Тука се наоѓа и фотографија од поединецот, потпис, а и стои единствениот матичен број на граѓанинот. На задната страна на личната карта, стои полициската управа што ја издала, адресата на живеење како и местото на раѓање.
Сепак, последните три реда од личната карта ги кријат најинтересните податоци. Редовите на дното се користат за машинско читање на податоци, односно за читање преку електронски читач.
На самиот почеток ID значи дека е лична карта или на англиски Identitiy Card, скратено ID. Потоа следи шифрата на земјата што го издала документот - MKD , а потоа и матичниот број. По него следи првата контролна ознака, потоа единствениот личен идентификациски број.
Во вториот ред, по датумот на раѓање, има уште една контролна ознака, па датумот на истекување на документот, а потоа друга контролна ознака. По него се внесува националноста, а на крајот од вториот ред има уште една контролна ознака.
Станува збор за бројка која покажува колку луѓе има во земјата, кои имаат слични карактеристики на личноста што ја поседува личната карта. Значи, ако сакате да знаете колку луѓе личат на вас, само погледнете го последниот број во вториот ред, на задната страна од вашата лична карта.