Во настојувањето да го намали својот јаглероден отпечаток, apple повеќе не вклучува слушалки и полначи со своите iPhone уреди, што е одлука донесена кон крајот на 2020. година со лансирањето на iPhone 12. Правејќи го тоа, Apple заштеди милијарди долари во изминатите година и половина, преку комбинацијата на намалени трошоци на испорака и вредности на дополнителмата опрема која претходно беше вклучена во iPhone уредите.
Apple наводно заштедил околу 6.6 милијарди долари, со тоа што повеќе не вклучува полнач и слушалки со своите iPhone уреди. Проценката ги зема во обзир реалните трошоци на Apple за дополнителна опрема, а не цената кога ги продава засебно, заедно со намалените трошоци на испорака, поради поставување на повеќе уреди на секоја палета.
Она што не се зема во предвид е колку Apple можел да заработи со продажба на полначи и слушалки. Според истиот извештај, продажбата на додатоци на Apple е проценета на 297 милиони долари, со што вкупната сума достигна околу 6,9 милијарди долари. Со други зборови, Apple доби многу зелени банкноти со тоа што стана „зелен“. И секако, ова нема никаква врска со новата зелена боја на серијата iPhone 13 која беше претставена пред некој ден.