Обично сите се фокусираме на книгите или кои се најчитани книги во текот на годината, но никогаш не размислуваме за тоа кој жанр носи најмногу пари.
Многу фактори влијаат на тоа, дури и изборот на жанр ја одредува висината на заработка. Според истражувањата, овие пет книжевни жанрови се најпрофитабилни:
1. Романса/еротика – 1,5 милијарди долари годишно
По успехот на „Fifty Shades of Grey“ еротската трилогија и бројот на книги напишани од писатели како Даниел Стил, воопшто не е изненадување дека писателите нај,многу заработуваат од љубовни и еротски книги.
2. Крими и мистерии – 729 милиони годишно
Нема ништо како возбудата од напнат и мрачен трилер кој цело време ве држи во незнаење. Затоа не е ни чудно што Агата Кристи заработи толку многу пари пишувајќи крими приказни.
3. Религиозни книги и популарна психологија – 720 милиони долари годишно
Сите понекогаш имаме моменти кога сме се нашле на дното и потребно ни е нешто да не турне напред. Од религиозни текстови до инспиративни книги за самопомош овој жанр доста се продава.
4. Научна фантастика и фантазија – 590,2 милиони долари годишно
Вампири, вештерки, роботи, можностите се неограничени. Луѓето сакаат да бегаат од реалноста и да се внесат во измислени светови.
5. Хорор – 79,6 милиони
Иако мене лично овој жанр не ми е омилен, си заслужува место на листава. Погледнете го само Стивен Кинг и како неговите книги добија филмска екранизација. Ќе сфатите дека невозможно е, а да не се живее убаво од хорор книги. Но, ни хорорите со Дракула и Франкенштајн никогаш нема да излезат од мода, за нив постојат безброј приказни кои луѓето едноставно ги обожуваат.