Кога дознал дека ќе биде номиниран за Нобелова награда, Алберт Ајнштајн бил на турнеја во Јапонија.
На човек кој му донел порака, наместо бакшиш Алберт Ајштајн на салфетка му запишал што тој мисли за среќата. Неговата дефиниција се продала за милионска сума. Сакате да ја дознаете бесплатно?
Белешка од Алберт Ајнштајн во која славниот физичар на еден курир му ја запишал својата дефиниција за среќа е продадена на аукција во Ерусалим за 1,56 милиони долари.
Конечната цена ги надминала очекувањата за цели 3.400% бидејќи пред-аукциските проценки предвидувале рачно напишаната мудрост да отиде меѓу 5.000 и 8.000 долари.
Дури и во пребогатиот со историски артефакти Израел, ова е најголемата цена која еден документ ја постигнал на аукција, на сите времиња.
Човекот најпознат по фундаментално значајната теорија на релативитетот (Релативизатор! - би обвиниле глупите меѓу Шарените) се наоѓал на предавања во Јапонија кога са проширила веста дека тој ќе биде следниот добитник на Нобеловата награда за физика. Престојувал во Империјалниот хотел во Токио, дошол курир да му предаде аналоген меил (порака) а овој или немал ситно за бакшиш или пак понудил бакшиш а курирот го одбил, бидејќи тоа е непристојно за Јапонците. Во секој случај, Ајштајн не сакал да го пушти човекот со празни раце па на салфетка му ја запишал својата дефиниција на среќата. Продавачот на белешката, инаку семеен потомок на тој курир, вели дека притоа Ајнштајн му рекол дека ако има среќа, таа белешка еден ден може да вреди повеќе отколку обичниот бакшиш.
Ајштајновата дефиниција за среќата - оригинално запишана на германски - гласи вака:
„Спокоен и скромен живот носи повеќе среќа отколку трка по успех оптоварена со постојан немир“.
На аукцијата била продадена уште една споменарска мудрост од физичарот, напишана во истиот период. Некој дал 240.000 долари за да ја поседува изреката:
„Кога се сака, се може“.