По долго време, повторно почна да се емитува за многумина омиленото шоу „Survivor“. Кандидатите кои учествуваат во „Survivor“ се обидуваат да преживеат во Доминиканската Република, а меѓу нив има и познати личности.
Извор близок до продукцијата открил дека кандидатите за една седмица учество во „Survivor“ добиваат хонорар меѓу 1.000 и 1.500 евра. Сè уште не е познато колкава ќе биде паричната награда за победникот.
Изборот на кандидати не им се допаднал на некои од гледачите, а незадоволството по емитувањето на првата епизода од шоуто го искажале на социјалните мрежи.
„Сите се фитнес тренери, одат во теретани и вежбаат, а одвај трчаат и пливаат“, напишал некој гледач, додека пак друг додал: „Сите се некој вид на спортисти, а сепак душата им „излезе“ од игрите кои одвај ги завршуваат“.
„Она, кога келнер ќе победи спортист (сè ти е јасно кој е во подобра позиција), а да не ги споменуваме мускулите од теретана. Малку повеќе конкретна физичка работа повеќе би им користела отколку кревање тегови“, додала некоја друга гледачка.