Додека за едни ваквата одлука е сосема оправдана и повеќе од потребна, за други е сосема неоправдана и ризична бидејќи стравуваат од дополнителни турканици во и онака полните автобуси, што значи и зголемена можноста за ширење на коронавирусот.
Највозрасните граѓани на Скопје повторно добија можност бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“ и тоа четири дена во неделата откако оваа услуга им беше скратена со стартот на пандемијата, сè со цел, како што објаснуваа тогаш властите, да се спречи ширење на ковид-19. Сега, по нешто повеќе од две години, можноста пензионерите да се возат бесплатно со автобус повторно се враќа иако, за жал, пандемијата сѐ уште трае.
Токму поради ваквата состојба, одлуката донесена од градските власти наиде на најразлични ставови кај скопјани. Додека за едни ваквата одлука е сосема оправдана и повеќе од потребна, за други е сосема неоправдана и ризична бидејќи стравуваат од дополнителни турканици во и онака полните автобуси, кои значат и дополнителна можноста за ширење на коронавирусот.
Целиот текст прочитајте го на slobodenpecat.mk