Стјуардесата Кет Камалани редовно собира милиони прегледи на својот Тик Ток и илјадници коментари со корисни совети и упатства за однесување во авиониоте, а во едно такво видео таа објасни зошто стјуардесите и другиот персонал на влезот нè одмеруваат од глава до пети.
На самиот влез, екипажот на авионот најпрвин срдечно ги поздравува патниците, но по пат, вели, добро ги мери - затоа што ги бара оние кои по потреба би можеле да помогнат во различни ситуации.
„Кога ќе се качите во авионот и ќе ги видите нашите среќни, насмеани лица, ние всушност ве мериме и се обидуваме да ги забележиме таканаречените АБП луѓе (able-bodied people) или физички способни луѓе“, објасни стјуардесата од Солт Лејк Сити.
Оваа кратенка обично се однесува на воен персонал, пилоти, пожарникари, полицајци и лекари, накратко, работници на оние служби кои се најкорисни во итни медицински ситуации или во ситуации кога е неопходно да се спречи несреќа, на пример кога пилотот треба брзо да го приземји авионот поради лошо време или дефект...
„Додека шетаат горе-долу по патеките и ги проверуваат или служат патниците, стјуардесите исто така попат бараат АБП луѓе за да им помогнат ако, не дај Боже, им затреба“, рече таа.