Цените на основните продукти секојдневно растат, бизнисот тешко ја издржува кризата и поради тоа платите тешко од нагоре. Секојдневно одат нагоре цените на нафтените деривати, а тие ги зголемуваат дневните трошоци и предизвикуваат пораст и на другите цени. Економијата функционира на мускули и дише на шкрги.
Секој народ и нација на различен начин се бори, спротивставува и ја пребродува кризата. Се чини дека најнесреќните нации кои најмалку заработуваат, највеќе трошат за нешто кое според нив е „луксуз“.
Цените на бензинот и дизелот одат нагоре, но улиците пак се полни со автомобили. Цените во ноќните клубови и рестораните се драстично покачени, но и таму речиси нема игла каде да падне. Чашите навечер се полни со виски, а преку ден количките во маркетите остануваат празни. И веројатно, овие навики кај нас за жал се поврзани со секојдневната потреба да бидеш среќен, а секој нас има голема потреба од неа.
Големи коли, брендирана гардероба, скапи вина и оброци, скапи пијачки така изгледа луксузот на балкански начин. Во време на искривени и нереални вредности во кои живееме, во Скопје луксуз и престиж е скапиот ручек, пијачката во популарните локали и бесни коли. Лускуз кој најчесто е креиран само за убавите и скапи слики на социјалните мрежи. Кај нас за луксуз се смета сè она што е материјално, поради што целиот живот го поминуваме во потрага по пари. Гледаме луѓе кои крајот едвај го врзуваат, но роденденот мора да изгледа драматично, луксузно и спектакуларно, вели тој.
Но, што велат психолозите?
Најголемиот луксуз во животот не се скапиот стан и добриот автомобил, туку можноста да ги живееме нашите животи според сопствени правила и на начин кој ни одговара. Луксуз е кога ќе научиме да не се нервираме за работите што не можат да се променат. Поразот е дел од животот и треба да се прифати. Оној што ќе научи да го живее животот на тој начин, може да се каже дека живее во луксуз. Луксузен живот значи да живеете според свои правила, да одите кон вашите цели, да не барате изговори, да не заобиколувате и да не се правдате за вашите избори, за вашите соништа и за вашите интереси.
извор: skopjeinfo.mk