Поимот “ментална магла” или на англиски познат како “mental fog, brain fog” претставува состојба на т.н „заматување“ на свеста, кога има конфузија, вртоглавица, летаргија, намалена концентрација и меморија.
На некој начин, симптомите на ментална магла се совпаѓаат со симптомите на синдромот на исцрпеност, кои ги поврзуваме со обемот на работа.
Ако често ја повторувате реченицата: „Не знам што ми е, нешто не е мое, мозокот не ми работи денес“, многу е можно да сте „жртва“ на менталната магла. Иако можеби не е предизвикана од работни обврски, лесно може да влијае на работата, напредувањето во кариерата, резултатите.
За среќа, постојат најмалку 5 докажани начини, базирани на научни истражувања, кои можат да ви помогнат да ја надминете состојбата на „заматена свест“.
Еве што можеме да направиме во врска со тоа?
Свртете се кон себе
Дефинитивно треба да одржувате емпатија и да „се држите во чекор“ со она што се случува во светот, т.е. да бидете информирани, но во последните две години се случија многу работи што може да влијаат на вашата благосостојба и да доведат до лоши одлуки: од пандемијата, до постојано менувачките препораки ширум светот, до климатските промени итн. Тешко е да се избегне вознемиреност или размислување за иднината, но важно е да се обидете да го „живеете сегашниот момент“ колку што е можно повеќе.
Патувајте почесто
По можност во природа. Експертите сугерираат дека една од најголемите причини за многу од нашите проблеми со меморијата е мрзеливоста. Ако сте се движеле помалку во последните неколку години, особено кога имало карантин, тоа може многу негативно да се одрази на вашиот ум, а со тоа и на вашите работни навики и продуктивност.
Дружете се
Ова првенствено се однесува на блиските луѓе, семејството, пријателите, колегите. Колку и да е важно да се свртите кон себе, изолацијата имала и негативни ефекти. Истражувањата покажуваат дека одвојувањето од другите луѓе ни штети на меморијата, концентрацијата, одлучувањето и учењето. Исто така, откриено е дека осаменоста ја зголемува подложноста на луѓето кон когнитивниот пад, особено кај постарите лица.
Испробајте нови предизвици
Не правете нешто кога се чувствувате подобро, туку направете нешто за да се чувствувате подобро. На пример, петнаесет минути вежбање секој ден може да придонесе за вашата благосостојба повеќе отколку што мислите. Натерајте се да научите нешто ново, „тестирајте ги“ своите граници, едноставно - тренирајте го мозокот.
Бидете љубезни кон себе
Ако моментално патите од ментална магла, не сте сами. Затоа, не се обвинувајте себеси, бидејќи тоа не е ниту рационално, ниту продуктивно. Живееме во извонредни времиња и затоа е важно да се почитувате и сакате себеси.