Ретко кој не ја прочитал книгата “Пат околу светот за 80 дена” од Жил Верн, каде се следи патешествието низ светот на математички точниот, фиктивен лик Филеас Фог во 1872 година.
Токму содржината на оваа книга ја инспирирала американската новинарка Нели Блај (Nellie Bly) да го рекреира патешествието на Филеас Фог за 80 дена.
Во 1888 година, Блај му предложила на нејзиниот уредник во “New York World” да патува низ светот, обидувајќи се за првпат да го претвори измислениот “Пат околу светот за осумдесет дена” во реалност.
Па така, на 14 ноември 1889 година таа го започнала патот околу светот долг 40.070 километри. Со себе понела само неколку лични предмети и облека во мала патна торба,па освен фустанот кој го носела на себе понела и мантил, долна облека, козметика, 200 фунти, злато и мала сума на долари.
За време на патувањето низ светот, Блај поминала низ Англија, Франција (каде што го запознала и интервјуирала Жил Верн во Амиен), Италија, Суецкиот канал, Коломбо (Цејлон), Сингапур, Хонг Конг и Јапонија. Во текот на патувањето по пошта праќала извештаи за напредокот на патешествието, кои пристигале по неколку недели од нивното испраќање.
Блај патувала користејќи паробродови, возови, балон, превозни средства и линии кои тогаш биле достапни, а патувањето било исполнето и со непредвидени застои, особено во азискиот дел. За време на патувањето таа посетила колонија на лепрозни во Кина, а во Сингапур купила мајмун.
Се вратила во Њу Џерси на 25 јануари 1890 година, обиколувајќи го светот сосема сама.
Нели Блај не само што го завршила патот околу светот за 72 дена, 8 дена порано од предвидените 80 дена во книгата, туку таа при патувањето направила и отстапка од распоредот за да го интервјуира авторот Жил Верн.