Обичните телефони или таканаречените глупи, за разлика од паметните стануваат сè попопуларни и побарани меѓу купувачите, особено тука на Балканот. Ова е затоа што паметните телефони станнуваат се понедостапни и поскапи за обичните луѓе, а и лесно се расипуваат за разлика од обичните.
Обичните телефони првенствено се наменети само за телефонирање, испраќање пораки и се многу ограничени во функционалноста кога се во прашање апликациите и смарт функциите.
Обичните телефони се евтини и чинат од 30 до 100 евра, а има и такви кои нудат KaiOS функционалност и можност да се поврзат со Wi-Fi мрежа.
Кај операторите во Србија можат да се купат и по поволни цени, ги има и за еден динар и истите траат со години, затоа што нема што напредно во нив да се расипе. Производството тече непрекинато и нема потреба за скапи чипови како кај паметните телефони.
Контролата на квалитетот е далку полесна, а и како производ, обичниот телефон е далеку подолготраен од паметниот телефон.
Обичните телефони се и поиздржливи и не можат лесно да се скршат, оштетат или уништат, а батеријата им е заменлива и лесно можете да купите нова или да носите две за секој случај. Исто така батеријата трае со недели, кај некои и со месеци, во зависност од базичноста на самиот телефон.
Овие телефони имаат згодни опции како што се батериската лампа, спикерфон кој е достапен на притисок на едно копче или едноставни игри кои главно се загатки – судоку, подвижни кибритчиња или како гореспоменатата змија.
Дека популарноста на овие обични телефони расте покажува и Google Search статистиката, која вели дека обичните телефони во 2021 година биле за неверојатни 90% популарни од лани, а во 2019 година се продадени преку 400 милиони обични телефони.
Тоа е драстично помалку во споредба со продажбата на паметните телефони, но се предвидува дека продажбата на обичните телефони може да скокне и до милијарда уреди на годишно ниво и тоа не затоа што тие магично се раширија на пазарот на кој досега не биле.
Така на пример, во Велика Британија, секој 10 продаден телефон е обичен, што е нов рекорд во споредба со претходните години.
Експертите од Uswitch.com сајтот напоменуваат дека носталгијата е уште еден важен фактор кој го формира растот на побарувачката за обичните телефони, а Nokia 3310 повторно го лансираше својот мобилен во 2017 година и ја поттикна желбата кај голем број корисници да купат обични телефони за себе, да му го подарат на своето дете или некој постар и близок во семејството.
Експертите сметаат дека обичните телефони не можат да се споредат со iPhone и сличните паметни телефони, но сепак надвисуваат во две исклучително важни категории, а тоа е автономијата на батеријата, долготрајноста и квалитетот на изработката.
Психолозите кои во 2018 година учествуваат во истражувањето за начинот на користењето на паметните и обичните телефони, заклучиле дека обичните телефони им оставаат на луѓето повеќе слободно време во текот на денот и не предизвикуваат зависност како што прават паметните телефони.
Корисниците на обичните телефони помалку ги проверуваат нотификациите, читаат вести за кои подоцна и самите велат дека не морале да ги знаат, а секако не пропуштаат ниту еден важен повик или порака.
Сепак, транзицијата од паметни телефони на обични не е безболна и бара период на привикнување, но по почетниот период сите кои им се вратиле на старите телефони, се согласни во една работа. Тие им го намалуваат стресот, имаат повеќе слободно време и се чувствуваат поопуштено и помалку ги боли глава.