Доколку немате антивирусен софтвер на телефонот и не го користите внимателно, вашиот телефон може да има штетен софтвер. Како да препознаете дали имате вирус на телефонот? Во продолжение се најчестите знаци дека телефонот има вирус.
Почесто се појавуваат прозорци со огласи
Во овој случај станува збор за софтвер кој го напаѓа уредот преку несакани реклами. Поголемиот дел од ваквите вируси може да се спречат со користење блокатор за реклами.
Апликациите често престануваат да функционираат
Ако некоја апликација или целиот телефон често престанува да функционира без причина, можеби телефонот е заразен со штетен софтвер.
Повеќе троши интернет
Доколку забележите зголемена употреба на интернет, а немате друго објаснување за промената, можеби причината е вирус кој во заднина ги испраќа вашите податоци на трета страна.
Вашите пријатели добиваат необични пораки од вас
Доколку вашите пријатели добиваат необични пораки од вас, зад кои сепак не стоите вие, можеби за тоа е одговорен вирус на телефонот или компјутерот.
Се појавуваат непознати апликации
Доколку помеѓу апликациите има такви за кои не сте сигурни дека сте ги виделе претходно, можеби станува збор за вирус. Прво проверете дали станува збор за системски апликации кои се потребни за функционирање на телефонот, а доколку не се, веднаш избришете ги.
Батеријата побрзо се празни
Вирусот може дополнително да ја исцрпува батеријата на уредот, па затоа таа може да се празни побрзо од вообичаено.
Телефонот се загрева
Одредено ниво на загревање на телефонот е очекувано, особено доколку користите апликации кои може да го загреат телефонот. Доколку телефонот се загрева почесто и без причина, можеби има вирус.