![Од денес 80.000 работници ќе земaат минимална плата од 18.000 денари](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/67/afaa7476-resize-820x0x100.jpg)
Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава.
Владата на Република Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте.
Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни.
Владата се грижи за стандардот на граѓаните и посветено работи за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.
извор: vecer.mk