ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје - сервисно друштво на Делегацијата на Германското стопанство во Македонија бара за работа од 01.09.2018 Овластен(а) сметководител(ка) со лиценца (Junior) (1 лице)
Основна нето плата: 31.000,00 МКД
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Завршено високо образование (Економски фактултет)
2. Одлично познавање на локалните сметководствени стандарди, сметководствената пракса, како и законските прописи за известување
3. Задолжително познавање на МСФИ стандардите
4. Одлично познавање на работа со компјутер (МС Офис и Интернет)
5. Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и зборување)
6. Познавањето германски јазик ќе се смета за предност
7. Работно искуство од најмалку 3 години
8. Искуство во работа со Pantheon ќе се смета за предност
9. Искуство во работа како регистрационен агент ќе се смета за предност
10. Уверение за овластен сметководител издадено од ИСОС
11. Тимска работа
12. Амбициозна, исполнителна и педантна личност, со способност да работи во динамична работна средина
Работни задачи:
1. Сметководство за надворешни клиенти ( книжење фактури, изводи, патни налози, благајна и сл.)
2. Изготвување на ДДВ пријави
3. Пресметка на плати
4. Изготвување на завршни сметки и финансиски извештаи
5. Изготвување на извештаи за НБРМ и Завод за статистика
6. Изготвување на периодични информации за новини во сметководствените прописи во Македонија за потребите на клиентите
Потребни документи за аплицирање:
- Мотивационо писмо на англиски или германски јазик
- Биографија на англиски или германски јазик
- Копија од Уверение за завршено образование
- Копија од Уверение за овластен сметководител
- Фотографија не постара од 6 месеци
Документите да се достават на мејл најдоцна до 31.07.2018: jobs@mazedonien.ahk.de
Одбраните кандидати ќе бидат поканети на интервју кое ќе се одржи на 07.08.2018
Ве молиме без телефонски повици.
извор: fakulteti.mk
Оглас за вработување! Нето плата: 31.000 денари
Vijest
-
A1 Македонија ВРАБОТУВА - 7 нови слободни позиции
Аплицирајте
-
Објавена листа на најбезбедни држави во Европа: Земја од соседството на прво место, а каде е Македонија?
Познатата платформа World of Statistics, која собира податоци и статистики од различни области, објави листа на европските земји каде е најбезбедно да се шета сам ноќе.
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
-
Како ефикасно да управувате со вашето време? 10 клучни вештини за подобра продуктивност
Колку добро управувате со вашето време? Ако сте како повеќето луѓе, одговорот може да биде: „Не баш најдобро.“ Можеби често имате чувство дека денот не е доволно долг за да ги завршите сите обврски. Можеби работите до доцна за да ги испочитувате роковите или сте толку зафатени што прескокнувате оброци и сон. Сето тоа се јасни знаци дека вашето управување со времето не е најдобро и дека може да се подобри.
-
Необичен инцидент во Норвешка: 27.000 лососи избегале од фарма – следи награда за секоја фатена и вратена риба
Мови, најголемата фарма за лососи во светот, рече дека една четвртина од нејзините 105.000 лососи избегале од фарма во Тромсо, северозападна Норвешка.
-
Добивате 500 евра месечно ако се откажете од автомобилот и се возите со јавен превоз
Во Виена започнува кампања за да се поттикнат сопствениците на автомобили да се префрлат на јавен превоз. Жителите на австриската престолнина ќе добиваат 500 евра месечно доколку се откажат од својот автомобил.