Со се поочигледното повлекување на Рено, рускиот АвтоВАЗ, како најголем производител на автомобили во земјата, ги консолидира своите сили и се прилагодува на новонастанатата ситуација. Производството започнува во фабриките, почнувајќи со скратена работна недела од четири дена.
Кога станува збор за недостигот на полупроводници и електронски кола, најдено е решение. Следејќи ги стапките на наводната легенда за тоа како Американците потрошија милиони во вселенската трка за да развијат вселенско пенкало, а руските астронаути користеа обичен молив, сега Русите едноставно решија да ја отфрлат електрониката и да произведуваат автомобили како што правеа пред дваесет години.
„Лада Гранта“ е релативно модерен автомобил, но сега е прв што започна еден вид „детјунинг“. Покрај губењето на ABS и ESP, новата Granta ќе се произведува и без воздушни перничиња, а ќе го загуби и системот за итни повици ERA-Glonass.
Кога станува збор за екологијата, моторите на „Лада“ ќе ги загубат сензорите за прилагодување на согорувањето, па стандардот за издувните гасови треба да падне. А за да заштедат време, решиле наводно да го намалат квалитетот на еуро 2, за што наводно нема посебни барања за тестирање како за повисоки стандарди.
Исто така, сега недостапни се и сите делови што доаѓаа од надворешни кооперанти, па сите важни делови во иднина ќе ги произведуваат домашни компании. Истото важи и за моделите „Нива“, а најверојатно и за „Веста“. Кога станува збор за Largus (Logan MCV) и кросоверот XRAY, решението не е целосно пронајдено.
Првите примероци на поедноставената „Лада“ треба да пристигнат на пазарот во рок од еден месец.
извор: nezavisen.m