Властите на Обединетото Кралство на 25 март донесоа одлука за нулта толеранција за употреба на мобилен телефон при возење автомобил.
Досега законот забранувал употреба на мобилен телефон во ситуации кога се користи за „интерактивна комуникација“, како што е телефонски разговор.
Меѓутоа, не и за т.н. активности надвор од мрежата. Причината е едноставна – законот е донесен пред 17 години, пред појавата на паметните телефони, па со оглед на тогашните функции кои биле помалку комплицирани од денес законот бил така креиран.
Новото ажурирање на законот е обид на надлежните да ја надоместат таа „дупка“ во законот и да опфатат поширок спектар на функции на модерните телефони и ефективна забрана за било каква употреба при возење.
Тоа значи дека отсега возачите ќе го прекршат законот доколку користат мобилен телефон додека возат, па дури и доколку станува збор за фотографирање или видеозапис, играње игри итн.
Во случај возачот да биде „уловен“ на дело, тој ќе мора да плати парична казна од 2.500 фунти (околу 3.000 евра), како и целосна забрана за возење.
На возачите и натаму им е дозволено да вршат бесконтактни плаќања, но кога возилото се наоѓа во мирување, како и бесконтактно да користат навигација на нивниот мобилен телефон, доколку тој е статичен.