
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство доцна синоќа соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.
Министерот е во Берлин каде вчера, на покана на германскиот министер за храна и земјоделство, учествуваше на министерската конференција во рамки на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.
Претходниот месец беше постигнат договор и со Србија, да ја изземе земјава од забраната за извоз на пченица и други прехранбени суровини.
извор: slobodenpecat.mk