Конечно е објавена листата на автомобили кои кон крајот на февруари потонаа со товарниот брод Фелисити Ејс сред Атлантски Океан. Според „Топ гиар“, најголема штета претрпеле „Ауди“, „Бентли“, „Ламборџини“ и „Фолсваген“.
Поточно, на дното на океанот има 846 „ауди“ (A5, e-Tron, e-Tron GT, Q2, Q3, TT), 589 „порше“ (Cayenne, Macan, Panamera, 718 Boxster), 523 „фолсваген“ (Golf, ID .4, Taigo, Caddy, Transporter), 190 „бентли“ (Bentayga, Flying Spur, Continental GT) и 85 „ламборџини“ (Urus, Huracan, Aventador).
Во морето модели што производителите имаа намера да им ги испорачаат на купувачите, имаше и автомобили во приватна сопственост. Така, Kia Soul 2014, Volkswagen Jetta (2017), BMW 750 (2007), Ford Mustang (2015), Honda Prelude (1996) и Land Rover Santana од 1977 година потонале на бродот за време на транспортот во Америка.