Во ниту еден случај не станува збор за исто количество на кофеин, ако пиете турско, еспресо или филтер кафе.
Инстант кафето подготвено во кафуле содржи околу 100mg кофеин по чаша, што е помалку отколку кофеинот кој го содржи една чаша филтер кафе. Тоа не значи дека е и поздраво.
Со вака подготвениот пијалак, најтешко е да се отстрани маснотијата од кафето, па така се зголемува и нивото на лошиот холестерол во крвта.
Хартиениот филтер пак многу подобро ја апсорбира маснотијата. Една чаша филтер кафе содржи и до 150mg кофеин, кој може да им пречи на луѓето со премногу чувствителен желудник.
Еспресото, содржи двојно помалку кофеин, околу 80mg и помалку маснотии, а инстант кафето има уште помалку кофеин.
Кога станува збор за турското или македонското кафе, тоа содржи 160mg кофеин, како и целосно нефилтрирани маснотии.
Така може негативно да влијае врз здравјето ако се консумира во претерани количества.
Па сега вие одберете какво кафе сакате да пиете, а тоа да не му пречи на вашето здравје.
Турско, еспресо или инстант? … Што мислите?