Со повеќе од 220 милиони корисници ширум светот, Нетфликс е најпопуларната услуга за стриминг во светот. Ви ги пренесуваме се за сопственикот на планетарно популарната услуга.
Нетфликс станува речиси незаменлив дел од секојдневниот живот на повеќе од 220 милиони корисници ширум светот.
Според Форбс, Нетфликс денес вреди 90 милијарди долари и ја носи титулата највредна медиумска компанија во светот, вредна речиси двојно повеќе од Дизни, а во последните две години вредноста на компанијата е повеќе од двојно зголемена.
Но, вистинското прашање е кој стои зад планетарно популарниот сервис за стриминг кој „не заглави“ на лаптоп и ТВ екрани?
Нетфликс е создаден во 1997 година кога 36-годишниот Рид Хестингс се налутил затоа што морал да плати казна од 40 долари затоа што доцнел да ја врати видео снимката во видео клубот.
Во интервју за Њујорк Тајмс во 2006 година, Хестингс откри дека бил инспириран од идејата за платформа за стриминг – теретана.
„Кога отидов во теретана по видео продавницата каде платив огромна казна, сфатив дека има многу подобар бизнис модел. Можете да плаќате 30 или 40 долари месечно и да вежбате колку сакате или не сакате“, рече тој.
Својата идеја му ја кажал на претприемачот Марк Рендолф, а се останато после тоа е историја.
Почетокот на Нетфликс не е ни блиску до она што го знаеме денес. Имено, на почетокот се функционирало така што Хестинг и Рендолф изнајмувале ДВД-а на клиентите и ги испраќале по пошта со месечна претплата од 20 долари, а претплатниците можеле да нарачаат неограничен број наслови.
Десет години подоцна, Хестинг и Рендолф одлучија дека е време да се фокусираат на прикажување филмови онлајн и да престанат да доставуваат ДВД-а на нивните домашни адреси.
Хестингс е роден во Бостон во 1960 година. Неговиот татко, Вилмот Рид Хестингс, работеше во Министерството за здравство, образование и социјална заштита на претседателот Ричард Никсон.
По завршувањето на средното училиште, една година продавал правосмукалки од врата до врата. Дипломирал математика, а за време на студиите се приклучил на маринците.
Својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, но познато е дека живее со сопругата Патриша Ен, со која има две деца, во Санта Круз, Калифорнија.
Неговиот колега Рендолф го напушти Нетфликс во 2003 година, објаснувајќи дека неговата цел била само да биде ментор на Хестингс и да му помогне да ја преврти идејата за платформа. Тој се повлече кога сфати дека неговото менторство е завршено.