Сигурно не сме ни помислиле на оваа работна позиција, но во современиот свет се е возможно.
Американката Тејлор А. Хемфри (33) работи како професионална креаторка на имиња за деца. Таа им помогнала на многу родители да го пронајдат идеалното име за повеќе од 100 бебиња во 2020 година, а така заработила повеќе од 150.000 долари. Фасцинантно е тоа што некои испаничени родители плаќаат и по 10.000 долари за услуга, со тоа што Тејлор би им помогнала да се одлучат.
- Ако ги погледнете најпопуларните имиња за бебиња, тоа е толку предавнички знак за нашите културни вредности и аспирации – кажала Тејлор за New York Post.
Њујоршката претприемачка, која нема деца, се промовира себеси како страсна писателка и раскажувачка, која е „вешта за брендирање, маркетинг и социјални медиуми“.
Поранешната студентка на Универзитетот во Њујорк, порано работела на здружување парови, собирање пари за разни акции и била организатор на прослави.
Сепак, Тејлор рекла дека отсекогаш била опседната со имињата на бебињата и дека конечно го нашла својот вистински повик кога го основала својот бизнис „What's in a Baby Name“ во 2015 година.
Во зависност од тоа колку плаќаат идните родители, нејзините услуги започнуваат со телефонски повик, а потоа истражува стари семејни имиња.
Неодамна, иновативната бизнисменка избрала име за бебе Паркс за родители кои прв пат се бакнале во градот Паркер.
Во меѓувреме, таа ја советувала и загрижената мајка која размислувала да го смени името на нејзината ќерка - Исла, бидејќи тоа постојано погрешно се изговарало. Била платена затоа што ја советувала мајката да се држи до шкотското име.
Тејлор, исто така, има популарен TikTok акаунт, каде често нуди бесплатни совети.
Тејлор изјавила дека најчесто и приоѓаат родители кои имаат трето или четврто дете и очигледно останале без идеја за имиња. Во неодамнешното видео на TikTok, Тејлор советувала една мајка која го чека своето трето бебе и ѝ треба име што ќе биде во склад со имињата на нејзините два постари сина, Емет и Милер. Најдобрите избори кои и ги понудила на жената биле: Грејди, Вилсон, Вејлон и Флечер.
Додека некои би можеле да ги обвинат двојките за мрзеливост затоа што платиле некому да го именува нивното дете, Хемфри инсистира дека родителите што плаќаат се едноставно перфекционисти.
А ако на крај се уште не се одлучат за имињата што ги понудила, вели дека бебињата често имаат две имиња, од кои нејзиниот избор е средното.