
Српската влада ги тргна прехранбените производи од органско потекло од забраната за извоз на основните земјоделски и прехранбени производи.
– Имајќи ги предвид малите површини каде во Република Србија се одвива органско производство – сектор кој сè уште се развива во Србија, како и фактот што овие производи првенствено се наменети за извоз, се проценува дека ослободувањето од постојната забрана не го загрозува домашниот пазар и прехранбената безбедност на населението, се наведува во соопштението на Канцеларијата за соработка со медиумите на српската Влада.