Скандинавско-медитеранскиот коридор е многу битна сообраќајница за европската економија. Коридорот се протега од Финска и Шведска на северот до островот Малта на југот и ја опфаќа и Данска, Севррна, Централна и Јужна Германија, индустрискиот дел на Северна Италија и јужните италијански пристаништа.
Коридорот се протега непречено додека не стигне до Аплите, каде што проблем е делот помеѓу Минхен и Верона. Токму таму се работи на тунелот Бренер Басе, кој треба да биде пуштен во употреба во 2028 година.
Тунелот се наоѓа на висина од 1.371 метар над морето и е најнискиот премин на Алпите, а ќе може да се користи во текот на целата година. Во 1867 година била поставена железницата Бренер, која била изградена со цел да се подобри капацитетот и до 1970-тите години беше додаден и автопатот E45. Денес по тој коридор поминуваат 40% од сиот товар кој се пренесува преку Алпите, но поради стрмните делови и малата брзина со која се движат возовите, речиси 2/3 од целиот товар се пренесува по автопат.