Високо интелигентните луѓе често имаат поинаков поглед на светот од луѓето со просечна интелигенција.
Научниците потврдиле дека колку е поголем коефициентот на интелигенција, толку помалку луѓето се загрижени за секојдневните работи со кои многу луѓе се занимаваат, како уредноста, пристојниот говор и легнувањето.
Пцујат како кочијаши
Иако нивната интелигенција добро им служи за да проценат кога да почнат да пцујат, тие дефинитивно можат многу да пцујат. Вообичаена предрасуда кога некој многу пцуе е дека не е доволно интелигентен за да одржува пристојна комуникација.
Меѓутоа, една неодамнешна студија покажува дека пцуењето е поврзано со елоквентност и богат речник. Пцуењето зависи од елоквентноста и вокабуларот - кои несомнено ги поседуваат високо интелигентните луѓе.
Тие се ноќни птици
Интелигентните луѓе природно не можат да отидат рано во кревет. Колку е поголем коефициентот на интелигенција на една личност, толку е поголема навиката за доцна легнување.
Децата кои имаат коефициент на интелигенција помал од 75, имаат навика да одат во кревет околу 23:41 за време на викенд во раното детство, а децата кои имаат повисок коефициент на интелигенција од 125 си легнуваат околу 00:29.
Живеат во нивниот организиран хаос
Креативните луѓе имаат неуредни маси и ако се најдат во неуредна средина тие ќе смислат покреативни идеи.
Следниот пат кога ќе видите интелигентна личност, слободно замислете ја како доцна навечер покрај својата маса пцуе како кочијаш, додека работи на своите креативни идеи.