Apple откри повеќе иницијативи наменети за намалување на еколошкиот импакт на компанијата врз животната средина, меѓу кои е и употребата на рециклирани материјали во своите производи. Освен тоа што по прв пат користи рециклирано злато, Apple ја има и повеќе од дуплирано употребата на многу реткиот метал волфрам и на рецклираниот кобалт, истакнаа од компанијата.
Во 2021 година речиси 20% од материјалите што ги користеле биле рециклирани, што е највисок процент досега. Минатата година дури 59% од алуминиумот кој се користел во производите на Apple бил рециклиран, а некои од производите на гигантот содржеле дури 100% рециклирани материјали.
Компанијата има за цел да стави крај на употребатана пластика во своите амбалажи до 2025 година. Од 2015 година досега ја намали употребата на пластика во амбалажите за 75%, па во 2021 година нивните амбалажи содржеле само 4% пластика.
Бенефитот од сето тоа е дека се намалува рударењето на тие материјали. Од Apple велат дека успеале да соберат доволно злато и бакар од еден метрички тон делови на iPhone, за што во спротивно ќе мора да се ископаат 2.000 метрички тони карпи. Освен тоа што користеле рециклирани материјали, Apple минатата година продал и 12,2 милиони реновирани уреди.
Со цел да ја зголеми употребата на рециклирани материјали Apple користи многу роботи, меѓу кои и новиот Taz, кој е машина што користи технологија за мелење за да ги одделува магнетите од аудио модулите. Роботот за расклопување на IPhone, пак, може да ги расклопува батериите на телефоните и да ги подготвува за повторно продавање. Тој сега може да расклопува 23 различни модели на iPhone models. Роботот Dave, пак, им помага да рециклираат ретки метали како волфрам и челик.