Настаната штета во таквите несреќи ќе ја покриваат осигурителните компании.
На возачите во автономните возила, односно автомобилите кои возат сами, од сега ќе им биде дозволено во текот на возењето да гледаат телевизија на вградените екрани, предложено е во новите измени во законот за сообраќај во Велика Британија, пишува "BBC". Меѓутоа, користењето на смартфон и натаму ќе биде забрането.
Во промената на законот исто така е назначено дека возачите мораат во секој момент да бидат подготвени да преземат контрола над возилото, било соопштено од владата.
Технологијата за автопилот во автомобилите најверојатно прво ќе се користи при бавно возење на автопат, на пример во колони, кога сообраќајот е многу густ.
На автономните возила моментално не е им е дозволено возење по британските патишта, но првите такви автомобили би можеле да бидат подготвени за сообраќај подоцна оваа година, објавило Министерството за сообраќај на таа земја.
Се очекува планираните промени на законот да стапат на сила во текот на летото. Во новиот закон пишува и дека корисниците на автономните автомобили нема да бидат одговорни во случај на евентуална несреќа.
Наместо нив, во таквите несреќи настанатата штета ќе ја покриваат осигурителните компании.