
Регистарските таблички, особено оние со помалку знаци, редовно помунуваат одлично на аукциите и достигнуваат милионски суми.
На хуманитарната аукција наречена „Most Noble Numbers“, одржана во Дубаи, регистарска табличка со само три знака е продадена за фантастични 10 милиони долари.
На аукцијата во Дубаи највисока цена постигна табелата „АА8“, која беше продадена за скоро од десет милиони долари.
Одлична цена на акуцијата постигнаа и табличките „F55“, „V66“ и „Y66“ кои исто така беа продадени за неколку милиони долари.
На истата аукција во Дубаи беа понудени и продадени и специјални телефонски броеви.
Станува збор за 10 бројки, а највисока цена постигнал бројот 549999999, дури 1,36 милиони долари, пишува Arab News.