Еден келнер говори за тоа кои работи најмногу го нервираат на работното место.
„Повеќе сакам да не ми остават бакшиш, но да расчистат зад себе“ – вели овој келнер, кој гостите со деца ги стави на врвот на листата на најпроблематични гости што доаѓаат во ресторанот каде што работи.
Погледнете што најмногу му пречи на работното место како келнер во ресторан:
Семејства со бучни деца
На Џош му пречи хаосот што останува на масите по семејствата и родителите што не сакаат да ги расчистат барем малку расфрланите парчиња храна, соџваканите залчиња и истурените сокови.
„Повеќе сакам семејства со деца што нема да ми остават бакшиш, но ќе си го средат хаосот, отколку да ми остават дебел бакшиш, а воопшто да не се грижат за нередот што нивното дете го остава“ – вели тој.
Доаѓање на големи групи без резервација
Некогаш се појавуваат големи групи на гости за кои нема место во моментот, а притоа не сфаќаат дека не можеме веднаш да ги сместиме, затоа што ресторанот нема политика на задолжителна резервација.
„Дополнително очекуваат да ги услужиш со иста брзина и прецизност, како масите што имаат само 3 или 4 гости“ – вели тој.
Пребирливи гости
Малите измени се во ред, но пребирливоста значи огромен проблем, како за келнерот, така и за готвачите во кујната.
Ова особено се однесува на луѓето што не можат да се одлучат па еднаш тестенините би ги замениле со ориз, а потоа се предомислуваат па нарачуваат компири.
„На крај истите тие луѓе се жалат и велат дека не добиле таква услуга како што очекувале“ – вели Џош.
Некултурни гости
Џош вели дека имал прилика да се сретне со некултурни, но и со агресивни гости. Тој раскажува како неодамна имал проблем со пијан гостин што сакал да влезе во кујната иако таму е забранет пристапот.
„Морав да го повлечам за рака и да го избркам од ресторанот“ – раскажува Џош.
Ако водата е бесплатна тоа не значи дека треба 100 пати да ја нарачате
Келнерот треба да трча да ви донесе пијалак, па храна, а најтешко е кога ќе нарачаат вода, но нема ниту да ја испијат.
„Замислете дека имате маса со 10 гости кои веќе еднаш нарачале пијалаци, а потоа секој од нив нарачува по една чаша вода. Тоа се 10 дополнителни чаши што воопшто нема да ги измијат“ – вели Џош.
Гости во последен миг
Џош раскажува дека се случувало да дојдат гости 10 минути пред затворање, кои потоа половина час одлучуваат што ќе нарачаат, а заради нив честопати мора да остане на работа прекувремено. Затоа тие се на неговата листа на најнепожелни гости.
извор: crnobelo.com