
Летото почна, а скоро сите не можат да го замислат денот без клима уред. Иако секојдневно ви го разладуваат денот, многумина се прашуваат колку се опасни микроорганизмите кои ги испуштаат и како најласно да се решите од нив.
Сепак, како што објаснуваат ескпертите, не треба да се грижите, клима уредите имаат вградени филтери кои не пропуштаат никакви бактерии или паразити. Важно е само редовно да се чистат и менуваат. Така најсигурно ќе спречите појава на болести, кои се појавуваат поради микроорганизмите.