Цената на хотелските соби варира во однос на нивната големина, опременост и погледот кон море/планина/центар на град. Секако, колку е подобра собата – толку е повисока нејзината цена, па најчесто луѓето се сместуваат во стандардни соби.
Хотелското сместување е важен сегмент од секое патување, бидејќи хотелската соба е место кое го користиме за одмор, спиење и одржување на лична хигиена.
Но, постои можност да се сместите во подобра соба од стандардната без да доплатите, а да не лажете дека сте на меден месец или да се умилкувате на рецепционерите и менаџерите на хотелот. Трикот е многу едноставен – треба само да дојдете во хотелот во вечерните часови и така подоцна да се сместите во собата. Тогаш е најголема веројатноста веќе да се пополнети сите стандардни соби и вас ќе треба да ве сместат во празна соба од повисока категорија.