Компанијата го идентификувала изворот на проблемот и најавила ажурирање.
Батеријата е постојан извор на грижа кај сопствениците на телефоните, а последните вести само го зголемуваат чувството на непријатност.
Имено, откриен е „баг“ во популарната „Google Messages“ апликација која пребрзо ја троши енергетската единица.
Проблем со камерата
Експертите за порталот „9to5Google“ изјавиле дека апликацијата во заднина ја активира камерата која може да остане вклучена со часови со што батеријата молскавично се троши.
„Google Messages“ овозможува пристап до камерата за да направи и испрати фотографии. Корисниците кои го деактивирале автоматскиот пристап до камерата го немаат овој проблем, пренесува британски „Express“.
Бидете трпеливи
„Google“ го идентификуваше изворот на проблемите и најави лансирање на ажурирање. Тоа ќе ги олесни проблемите на милиони луѓе кои ја користат апликацијата или пак ја имаат фабрички лансирана на телефонот.
Минатата седмица, ажурирана е „Google Messages Beta“, но доколку не ја користите оваа верзија треба да бидете трпеливи.
Како да ја исклучите?
Во зависност од марката на телефонот може, но и не мора да биде инсталирана по дифолт.
Доколку сакате да го ограничите пристапот до камерата, тогаш кликнете Settings>Apps>Messages>Permissions>Camera>Don’t allow или Allow only while using app.