Филип Цоцос од Онтарио, Канада ги тужел своите пријатели кои освоиле милион долари на лотарија бидејќи не му дале ништо.
Цоцос тужел 16 пријатели затоа што наводно му ги „украле соништата“ и од нив бара 70 илјади долари. Тие минатото лето купиле лоз „Lotto Max“ во компанијата „Ontario Lottery and Gaming“.
„Зошто не ми кажаа дека освоиле пари? Овие момци ми се како семејство. Нивните соништа се остварија, зошто тогаш одлучија да ги украдат моите?“, вели Цоцос за „CBS News“.
Дејвид Робинс, адвокатот кој ги застапува неговите пријатели, вели:
„Господинот Цоцос не платил да учествува во играта така што тој нема право да бара било какво олеснување“.
Цоцос потоа изнел уште едно небулозно тврдење - вели дека се дружи со нив веќе 6 години и дека „морал да им плати за да продолжат да се дружат“.
Кога ги освоиле парите, Цоцос наводно им должел 30 долари. Тој тврди дека му рекле да ги врати тие 30 долари плус дополнителни 10 ако сака да продолжи да биде дел од групата.
„Прегледувајќи ги социјалните мрежи, дознав дека освоиле пари. Пријателот кој јадеше пица која самиот му ја доставив, во раката држеше чек од милион долари“, вели потресениот Цоцос кој инаку работи како доставувач на пици.