Кризата и растот на минималната плата на 18.000 денари почнаа да го земаат данокт. Секоја седма фирма во земјава не исплатила плата за март или речиси околу 11.000 газди во земјава оставиле над 25.000 работници се уште да ја чекаат – покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.
„За месец март 2022 година, со состојба на ден 03/05/2022 година вкупно 10.927 работодавачи имаат неплатени, неподнесени и неприфатени МПИН пресметки за вкупно 25.085 вработени“, велат од УЈП.
Од УЈП веќе доставиле опомени до нив, ќе ги чекаат до 13 мај, па ќе им ги блокираат сметките и ќе извршат присилна наплата.
„Управата за јавни приходи спроведува мерки за присилна наплата согласно своите законски овластувања регулирани во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Законот за даночна постапка. За МПИН пресметките за месец март согласно чл.121 од ЗДП веќе се доставени опомени за плаќање на долгот по основ на МПИН. За сите оние работодавачи кај кои нема да бидат евидентирани уплати по доставените опомени, планирано е од ден 13/05/2022 год. да бидат доставени и решенија за присилна наплата од парични сретства (блокади) до деловните банки согласно чл. 142 од ЗДП.“, велат од УЈП.
Фирмите кои не исплатиле плата на вработените се од најразлични дејности. Има газди на ресторани и објекти за подготовка на храна, од трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун, транспортни фирми, фризерски и салони за разубавување, адвокати.
За работодавачите пак тоа што над 25.000 работници се уште не зеле матровска плата е очекувано, со оглед на кризата и порастот на минималецот на 18.000 денари. Велат, драстично им се зголемени трошоците. И додека во време на претходните хризи имаше директни мерки за поддршка за бизнисот-велат сега ги нема. Очекуваат да расте бројот на компаниии кои набрзо ќе стават клуч на врата, но и на работниците кои ќе останат без работа.