Американката Лилијан Гертруд Асплунд, која беше последниот преживеан патник во бродоломот на Титаник во 1912 година во кој загинаа 1.523 лица, продолжила да плови во животните води уште 94 години. Таа починала во сон на 99 годишна возраст на 6 мај 2006 година во Шрузбери.
Лилијан Гертруд Асплунд е родена на 21 октомври 1906 година во Вустер, во Масачусетс во САД, во семејство на шведски емигранти, од татко Карл Оскар Вилхелм Густафсон Асплунд и мајка Селма Аугуст Емилија Јохансон.
Лилијан била близнак со братот Карл Едгар, а имала уште двајца постари браќа, Филип Оскар (1898 – 1912) и Кларенс Густаф Хуг (1902 – 1912) и уште еден помлад брат Феликс (1909 – 1983).
Таткото на Лилијан, во 1907 година, со фамилијата се преселил во Шведска, за да и помогне на својата мајка, која бил вдовица, на фамилијарната фарма во Смеленд.
Но, пет години подоцна, во 1912 година решиле повторно да тргнат назад во САД и се качиле на Титаник, во тоа време, супермодерниот брод. Така оваа фамилија се нашла во ладните води на океанот во познатиот бродолом.
Бродоломот го преживеала Лилијан, нејзината мајка и помладиот брат Феликс, а таткото и двајцата браќа настрадале.
Лилијан за време на бродоломот имала 5 години. Нејзината мајка починала во 1964 година, а нејзиниот брат Феликс на 15 март 1983 година.
Според извештајот на американскиот Сенат, во несреќата загинале 1.523 лица.