Тмот на Ретинг од Скопје ја развива првата македонска детска мобилна апликација за читање и слушање книги – Boksy.
Апликацијатa е наменета за деца од 6 до 14 години. Во неа ќе бидат голем број книги за деца на македонски, англиски и албански јазик од македонски и странски издавачки куќи кои ќе можат да се читаат или слушаат како аудио книги на мобилните уреди. Покрај книги, апликацијата ќе содржи бројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање на сопствени аватари, како и можност за натпреварување со други дечиња и освојување на уникатни награди за оние кои што најмногу читаат.
Развојот на мобилната апликација „Boksy“ е поддржан од Фoндот за Иновации и Технолошки развој. Апликацијата ќе биде достапна на македонски јазик, ќе може да се користи на телефон и таблет и ќе може да се превземе од App Store & Play Store. Мобилната апликацијата се планира да биде достапна за македонскиот пазар до крајот на летото.