Се повеќе млади луѓе почнуваат отворено да зборуваат за нивните плати со нивните колеги. Така барем е во Соединетите американски држави, каде што започнаа речиси сите трендови по корона кризата.
Според финансиската компанија „Bankrate“ речиси 42 % од работниците од Генерацијата Z (луѓе на возраст од 18 до 25 години) и 40 % од милениумците (од 26 до 41 година) споделиле информации со нивните колеги или други професионални контакти, споредено со 31 % од работниците од генерацијата X (од 42 до 57 години) и 19 % од бејби бумерите (од 58 до 76 години).
Експертите велат дека ова е одраз на генерациската промена во контекст на работата и заработувачката. На почетокот од нивните кариери, нивната перцепција била под влијание се од Големата Рецесија (2007 – 2009) до корона кризата. Овие настани ги намалиле платите на работниците, но и го намалиле нивниот просперитет во работата, не дозволувајќи им да купуваат куќи додека нивните студентски кредити енормно растеле.
Сега, Генерацијата Z започнува да влегува на пазарот на труд, кога инфлацијата е највисока во последните 40 години, која „јаде“ значаен дел од платите на сите генерации.
Сите овие фактори само ја зголемија и онака големата нееднаквост во платите која ги остава работниците чекор назад со генерации, а тука влегуваат и расниот и родовиот јаз во плати. Повеќе од половина (или 57 %) од милениумците рекле дека се чувствуваат помалку платени од нивните врсници кои имаат исто искуство и квалификации, заедно со 45 % од Генерацијата Х, покажува истражувањето.
Економистите од областа на пазарот на труд велат дека помладите работници кои растеле со социјални мрежи, можат повеќе да се отворат кон нивните колеги и да склопуваат пријателства со нив.
Исто така, сега од било кога, работниците имаат поголема преговарачка моќ за да можат да се изборат за поголеми плати и за посакуваните работни позиции. Работодавачите отвориле рекорден број на работни места во 13 последователни месеци, а со тоа на секој еден невработен има 1,8 отворени работни места, покажуваат податоците на Министерството за труд.
Сепак, експертите велат дека постои вистинско време и место за разговор за платата и посочуваат дека работниците не смеат да чувствуваат дека нивна е одговорноста да постигнат еднаква плата за сите.
извор: rabotnik.com.mk