Алкохолот долго време се користел за религиозни ритуали, но со текот на времето алкохолните пијалоци добиле сосема поинаква улога и почнале да се користат за уживање. Оние кои не се љубители на алкохол, жедта можат да ја згаснат со разни други пијалоци - од кафе, цедено овошје, млеко... или нивната идеална мешавина. Ова се пијалоците кои се најпопуларни во светот.
Чај - топол пијалок кој е многу популарен во многу земји. Постојат две групи чаеви: оние кои се направени од истоименото растение и се користат како стимуланс или седатив и оние кои се направени од лековити билки и имаат лековити својства. Најпопуларните вистински чаеви се црниот, зелениот и улонг. Во чајот по правило не треба да додавате лимон, мед и шеќер, бидејќи на тој начин ја менувате неговата арома, додека во силните чаеви се додава само млеко. Англичаните го донеле познатиот ритуал на пиење на овој топол пијалок од Исток.
Виски - спаѓа во категоријата жестоки алкохолни пијалоци. Познат е како најпопуларен дестилиран пијалок, а се добива од житарки и се чува во дабови буриња. Во зависност од тоа која житарка се користи - јачмен, мелен јачмен, 'рж, пченица, пченка или овес - зависи и од тоа каков вид на виски ќе биде.
Пиво - алкохолен пијалок направен од квасец, хмељ, јачмен и вода. Се користел во древниот Египет, а денес е застапен низ целиот свет. Со оглед на тоа што има од 3 до 13 проценти алкохол, тој е еден од послабите алкохолни пијалоци. Британците се меѓу најголемите консументи на овој пијалок, а пабот е симбол на местото каде што се пие.
Грог - топол алкохолен пијалок кој се пие во студените денови. Се прави од рум, шеќер, цимет, каранфилче, сок од половина лимон и топла вода со која се прелеваат сите состојки. Грог се подготвува во огноотпорна чаша или чаша со подебели рабови.
Свежи сокови од овошје и зеленчук - се добиваат со преработка на сирово овошје и зеленчук. „Гориво“ е она што му е потребно на телото за да ги хидрира и храни клетките. Соковите се богати со витамини, минерали, ензими, фитонутриенти, антиоксиданси и лесно се подготвуваат.
Начини на пиење алкохол
Секоја нација има специфични навики за пиење алкохол. Додека во некои земји употребата на алкохол е забранета, во други е незаменлив во секојдневниот живот. Ви претставуваме десет земји во светот во кои се консумира најмногу алкохол во количина.
Италија - виното е дел од италијанската култура и се смета за обичен и неизбежен пијалок. Италијанците секогаш пијат локални вина, освен ако не уживаат во посебен аперитив.
Франција – пијалокот им е виното, секогаш се конзумира за време на оброците.
Чешка - Во оваа земја се пијат лагери и пилснери. Едноставно не можете да ја посетите оваа земја без да пробате барем една чаша пиво.
Австралија - Бидејќи оваа земја била населба на затвореници, според легендата, главниот пијалок бил румот. Треба да го знаете и основното правило - знак за лош вкус е ако пиете сами.
Турција - иако многумина мислат дека нивниот пијалок е кафето, всушност, тие претпочитаат да пијат чај.
Данска – Во Данска сите пијалоци се подеднакво важни и меѓу нив нема омилени. Посебно треба да се знае дека оваа земја е позната по опуштениот однос со гостите во кафулињата и баровите.
Германија - Во Германија пивото и водата чинат речиси исто. Овде специјалитет се пченичните пива.
Ирска - Пијанството е традиција во ирската култура. Денот на Свети Патрик и ирското кафе биле измислени овде.
Русија - Вотката е во крвта на Русите. Ако одлучите да ја посетите оваа земја, мора да пробате некоја од нивните вотки.