Доколку сте брзале кога сте здогледале паричка некаде под вашите нозе, тоа е знак дека мора малку да успорите и да се посветите на себеси и да си посветите доволно слободно време.
Паричката што ќе ја пронајдете на улица, без разлика дали е тоа евро, денар, динар, франк… има врска со духовноста и тоа ви покажува дека сте ценети меѓу луѓето на Земјата, но и во духовниот свет.
Ова е еден од начините преку кој добрите ангели и души комуницираат со нас и тоа може да биде порака од некој близок кој починал а додека бил жив многу не сакал и многу сме му значиле. Може да се протолкува и како божја утеха, дека постојано некоја се грижи за нас.
Главно луѓето пронаоѓаат парички, поретко хартиени пари, а причината за тоа е што паричките траат подолго од хартиените пари, а ангелите и душите на тој начин оставаат трајна трага. Покрај тоа, сјајот на паричката го привлекува вниманието на луѓето.
Кинезите сметаат дека пронаоѓањето на пари е знак за добра среќа и тоа веројатно се проширило низ целиот свет, па поради тоа пронајдените парички се чуваат како талисмани. Кога ќе пронајдете паричка обратете внимание на тоа за што сте размислувале во тој момент, бидејќи може да биде одговор на вашите мисли. Добро погледнете кој број е паричката.
Паричка со број 1 е знак за нов почеток, свежи идеи и наговестува успех, големи постигнувања и напредок. Со оваа паричка ангелите ви порачуваат дека ви претстои голем успех и да останете позитивни.
Двојка на паричката ви порачува да се посветите повеќе на другите, на партнерството, хармонијата и комуникацијата. Оваа паричка е единство на мракот и темнината, јин и јанг.
Паричка со број пет укажува дека ви претстои биолошки и духовен развој. Овој број е симбол на Космосот, совршенството и симбол на божја моќ. Според кинеското верување овој број е среќа бидејќи укажува на пет најважни благослови: богатство, среќа, долговечност, здравје и напредок.
Бројот 10 на паричка претставува будење и знак дека мора да обратите внимание на некои работи и да им верувате на своите инстикти во врска со некоја важна одлука. Имате добра поддршка од духовниот свет и се’ ќе се реши како што треба.
Најголемиот број на паричките е 20 – и тој ви порачува дека ви претстои период на засилена чувствителност и страст. Паричката содржи нула и ја засилува вибрацијата на бројот 2. Се смета за број на сила, интуиција и високи идеали.
Ако сте се чувствувале осамено кога сте ја пронашле паричката, тоа ви е порака од духовниот свет дека не сте сами.
Доколку сте брзале кога сте ја пронашле паричката, тоа е знак дека мора малку да успорите и да се посветите себеси и на своето слободно време.
Ако сте загрижени поради финансиски проблеми кога ќе ја пронајдете паричката, тоа значи дека се’ ќе се реши и дека ентитетите од духовниот свет ви испраќаат помош.
galama.club