Ограничената колекција на Balenciaga се состои од речиси целосно уништени патики, кои се продаваат за 625 долари.
Колекцијата се вика Paris Sneaker, а дизајнерите изјавија дека целта им била „да создадат патики кои ќе можат да се носат цел живот“. Очекувано, многу корисници на социјалните мрежи се згрозени од „новиот“ дизајн.
Новата колекција од синоќа почна да се продава на веб-страницата на Balenciaga. Засега можат да ги купат само купувачите од Европа. Оние кои живеат во САД и Јапонија ќе можат да ги купат од 16-ти, односно 23 мај.
„Ова всушност ги навредува луѓето кои се сиромашни. Не ми е јасно зошто луксузните брендови упорно промовираат ваков дизајн“, напиша еден корисник на Twitter.
„Ова се најлошите патики што сум ги видел. Balenciaga сигурно се шегува“, додаде друг.
„Можам да најдам вакви патики во контејнер и нема да морам да издвојам вртоглава сума“, е исто така еден од коментарите.
извор: kajgana.com