Има одредени правила кога станува збор за парите и паричниците до кои треба да се придржувате бидејќи на тој начин се одредува дали ќе бидете богати или не.
Според некои верувања, ниту малку не е сеедно дали банкнотите во вашиот паричник се уредно наредени или стуткани и без грижа втурнати. Неуреден паричник го блокира протокот на позитивната енергија, а со самото тоа внесува неред во вашите финансии.
Затоа, ако сакате да го привлечете изобилството, причникот секогаш нека ви биде уреден, а банкнотите внимателно наредени. Доколку сакате парите и понатаму да ви доаѓаат треба да ги почитувате.
Има нешто на што би требало да внимавате, а тоа е во паричникот никогаш да не носите неплатени сметки па дури ниту тие кои сте ги платиле.Имено, тоа ја привлекува енергијата на плаќања во вашиот живот и постојано ќе морате за нешто да давате пари. Исто така во паричникот треба да чувате само пари и картички, се’ останато носете во нешто друго.
Важно е во него секогаш да имате малку повеќе пари од планираното. Тоа привикува уште подобри финансии во вашиот живот, а и знаете дека се вели дека од „вишок не боли глава“.
И, уште еден детаљ. Не е сеедно дали самите сте си го купиле паричникот или сте го добиле на подарок.
Препорака е сами да го изберете и купите за да подоцна го сакате и своите пари со задоволство ги чувате во него. Секако, одбегнувајте да купувате веќе користени паричници бидејќи никогаш не знаете каков сопственик имал и каква енергија носи со себе – добра или лоша.