Може да создадете свет на имагинација, може да ја раскажете вашата измислена приказна, но дали сте знаеле дека може да решавате и проблеми на работа со Лего коцки? Тоа ќе ја подобри соработката и комуникацијата со колегите а во исто време ќе ги развие вашите лични вештини и меморија.
Сложувањето Лего коцки е повеќе од игра. Тоа е сериозен процес кој влијае на когнитивниот и моторниот развој на многу начини, а петте клучни причини да го направите тоа се следните:
- Развој на моторни вештини
- Тимска работа и комуникација
- Отпор и упорност
- Решавање проблеми
- Креативно размислување
Поединци, компании и организации кои сакаат да ја подобрат тимската соработка, да ја подобрат продуктивноста, да придонесат за поефикасно донесување одлуки и да помогнат во создавањето иновативни решенија, се свртеа кон оваа методологија која создава нов начин на водење бизнис: Сложување Лего коцки заедно со своите колеги.
Методологијата Lego Serious Play влезе во некои компании лесно и тивко и претставува револуција во бизнисот, особено во структурите каде што акцентот е ставен на пронаоѓање решенија и создавање добри односи меѓу колегите.
Оваа методологија им овозможува на сите учесници да споделуваат колективна интелигенција преку моделирање со помош на лего коцки. Методот е развиен од експерти за организациски развој и се заснова на верувањето дека секој член на тимот/организацијата треба да придонесе и да биде дел од решението на деловниот предизвик.
Како се игра играта?
Лего коцките се користат во специфични вежби како алатка за градење бизнис модели кои метафорично ги претставуваат предизвиците во тимот. Создадените модели служат како основа за групни дискусии, размена на знаења и решавање проблеми а помагаат да се поттикне креативното размислување и да се најдат уникатни решенија. Сериозната игра, колку и да звучи парадоксално, е процес кој му помага на бизнисот многу подобро да функционира и го носи она што на огромното мнозинство бизниси му недостига: креативност, страст и инспирација.
За секоја поединечна работилница е дизајнирана единствена програма која овозможува максимално ниво на соработка помеѓу учесниците. Сите предизвици се планирани да го активираат или “разбудат” креативното размислување, да развијат соработка и да ги насочат учесниците за заеднички да креираат решение.
Работилницата ја води сертифициран Lego (модератор), обучен да ги следи членовите на тимот и да го води истиот кон заеднички успех.
Учесниците добиваат специјално дизајнирани лего коцки. Задачата поставена за групата и елементите што ги користат учесниците создаваат средина што ги надминува сите ментални обрасци на кои се навикнати вработените.
Иако живееме во дигитална ера која нуди неверојатни можности за поврзување на луѓето, старото, добро Лего е незаменливо. Тоа е еден забавен и креативен начин за луѓето да се дружат, да се смеат, да дискутираат конструктивно и да ги најдат најдобрите резултати за нивниот бизнис.