Кевин Берлинг од Кентаки го тужел својот работодавач затоа што му организирал роденденска забава. Тој добил отштета од 450.000 долари.
Имено, Кевин работел во медицинската лабораторија „Gravity Diagnostics“. На својот работодавач и колегите им рекол дека не сака роденденски изненадувања бидејќи во такви моменти доживува тешки напади на паника, но тие ја игнорирале неговата желба.
Му организирале забава, поради што Берлинг доживеал паничен напад и отишол да го јаде својот оброк во автомобилот со цел да се смири. Шефот му рекол следниот ден дека „се однесува како мало девојче“ и дека им го уништил расположението на колегите.
Набргу потоа Берлинг добил отказ и случајот завршил на суд. Берлинг смета дека бил дискриминиран поради неговата психичка состојба и дека не му било овозможено да работи во безбедна средина.
Преку судски пат тој добил 150.000 долари на суд за „изгубена плата“ бидејќи бил отпуштен по неуспешно роденденско изненадување и 300.000 долари за „нанесена душевна болка, понижување и губење на самодовербата“.