За некои, тие претставуваат совршен „моден додаток“, други имаат неутрален став, а трети не изгледаат претерано добронамерно кон нив - Особено кога се појавуваат во работни средини.
Тетоважите се забавен и интересен начин да се покаже индивидуалноста. Долги години тие се сметаа за стигма и често се поврзуваа со особини на кои нема место на работа. Сепак, иако тетоважите станаа честа појава во деловниот свет, одредени негативни мислења и денес постојат.
Дури и за поединци кои немаат негативен став кон тетоважите, кога ќе ги замолиме да замислат ситуација во која би бил истетовиран наставникот или дури и докторот на неговото дете, постои одредена доза на скептицизам.
Вработениот е одраз на компанијата, па мора да изгледа така. Сликата на компанијата мора да се види на нејзините вработени, вклучувајќи го и однесувањето и физичкиот изглед.
Некои работодавaчи се поконзервативни, па тоа се одразува на нивниот принцип на работа, пристапот кон клиентите и односот кон тетовираните вработени. Од друга страна, креативните гранки како и полибералните работодавачи го поттикнуваат овој вид визуелно прикажување на личноста.
Сакале или не, тетоважите се до одреден степен одраз на личноста, односот кон животот, па дури и односот кон работата. Се разбира, не е важно колку тетоважи има човекот или каде се наоѓа на телото - но каде е границата кога тетоважите почнуваат да ни пречат!?
Кое е вашето мислење на темата?