На огласот одговориле повеќе од 173.000 кандидати.
Од сите пријавени, американскиот производител на автомобили Dodge избра десет финалисти за позицијата ВОЗАЧ чија единствена работа ќе биде - палење гуми и "дрифтање" автомобили на различни настани (официјално Chief Donout Maker). Атрактивноста на оваа позиција е во тоа што поради неа победникот нема да мора да ја напушти сопствената работа бидејќи викендов ќе работи за Dodge.
Dodge нуди и дарежлива плата од 130.000 евра годишно и Dodge Challenger SRT Hellcat од 716 КС и погон на задните тркала како службен автомобил. Возачот ќе биде амбасадор на марката и мора да се појавува во редовни автомобилски настани.
Од кандидатите беше побарано да достават двеминутно видео во кое ќе објаснат зошто се идеални за таа работа.
Би се пријавиле на една ваква адреналинска позиција за работа!?