Мод Луис живеела во сиромаштија целиот свој живот, а споменатата слика пред 50 години ја продала за топол сендвич со кашкавал.
Сликата на канадската уметничка Мод Луис, "Црн Камион" е продадена на аукција за 350.000 канадски, односно 272.000 американски долари, за 10 пати поголем износ од проценетиот.
Сето тоа и не би било нешто импресивно ако позади сликата не стои интересна приказна.
Мод Луис живеела во сиромаштија целиот свој живот, а споменатата слика пред 50 години ја продала за топол сендвич со кашкавал. По документарецот за неа, уметничките дела на оваа уметничка станале барани.
Пред оваа аукција, најголемата цена платена за некоја нејзина слика била 52.435 долари, пишува "RTS".
Инаку, Мод заедно со својот сопруг ги продавала сликите покрај автопат, а како стареела така сликала се помалку поради ревматичен артритис.
Нејзините дела стекнале меѓународна репутација дури неколку децении по нејзината смрт. Животот на Мод Луис е прикажан во документарецот "Моди" од 2016-та година.
Аукциската куќа соопштила дека купувачот за "Црн Камион" платил илјадници долари повеќе бидејќи го гледал филмот ден пред аукцијата.
Ирен Демас, која како млада готвачка ја добила сликата за топол сендвич, за "Guardian" рекла не и се верува дека делото е продадено за толкава сума.